ДАНИМЕКС ДООЕЛ СКОПЈЕ се занимава со продажба и сервисирање на пекарска опрема повеќе од 20 години.

Работиме најповеќе со нова опрема од различни производители од Словенија, Италија, Германија и др.земји. Кај нас можете да најдете машини со различен капацитет како за бурекџилници, слаткарници и млечни ресторани така и за големи индустриски капацитети.

Продажниот програм опфаќа најразлични типови печки и ферментациони комори, спирални и планетарни миксери со најразличен капацитет, делилици, обликувачи на тесто, машини за сечење на леб, како и помошни алатки и сите видови на плехови.Витрините се уште еден сегмент како помош во опремување на Вашиот продажен простор.

Долгогодишното присуство на овој пазар бараше и организација на добро обучена сервисна служба која ќе може да ги задоволи барањата на нашите купувачи. 24-часовната сервисна поддршка е главна карактеристика за пружање услуги на нашите купувачи и после извршената продажба.

ОПРЕМА ЗА ПЕКАРСТВО


ПОНУДА




најново од данимекс

12.10.2011 ПОПУСТ НА ПРОИЗВОДИ НА САЕМ ТЕХНОМА 2011

За времетраењето на саемската манифестација ТЕХНОМА 2011

Повеќе...

12.10.2011 САЕМ ТЕХНОМА 2011, 18-22.10.2011 Скопски саем, хала 1 штанд 145

Годинешното наше учество на саемската манифестација ТЕХНОМА 2011

Повеќе...